Компир Al Forno е традиционално италијанско јадење, а Џејми Оливер го поделил рецептот за овој ароматичен колпир со лук.

Состојки:

1 кг компир, 2 главици коморач, 8 чешниња лук, 600 мл. млеко, 400 мл. павлака за готвење, 5-6 инчуни во масло, 50гр. рендан пармезан, 6 листа ловор, 15 гр. свеж рузмарин, сол и бибер.

Подготовка

Рерната да биде загреана на 180 степени.

Подготвен компирот исечен на кругови се меша со исечен коморач и лук , сето тоа префрлете во плиток огноотпорен плиток сад. Во посебен лонец се загрева млекото и павлаката во која предходно сте додале насецкан лук, инчуни, рузмарин, и ловорови листови. Сето тоа кусо варете на умерена температура додека вкусовите не се соединат. Потоа извадете го рузмаринот и ловоровите листови, па додадете половина од пармезанот рендан, и се добро измешајте, посолете, ставете бидер по желба. Со смесата залејте го компирот. На крај одозгора врз компирот изрендајете го остатокот од пармезанот.

Покриете го огноотпорниот сад со алуминиумска фолија и ставете го да се пече 30 мин.

Тргнете ја фолијата и продолжете да го печете компирот уште 45 минути.