Skip to main content
x

21 Nov 2020 - 23:35
sportmedia
Статија

Само една глупава реакција на голманот на Барселона, Германецот Тер-Штеген беше пресудна Барселона да го загуби големото Ла Лига дерби во Мадрид. Со голот на Јаник Караско во судиското продолжение од првото полувреме, тимот на Диего Симеоне дојде до голема победа над лутиот ривал која го израмни на врвот на табелата со екипат ана Реал Сосиедад.

 

За волја на вистината, Атлетико има и меч помалку, па оваа победа над Барселона може да се смета како предвесник на искачувањето на врвот на табелата во Ла Лига веќе по следниот меч. Очајната Барселона и оваа сезона мака мачи со победите. На досегашните 8 настапи тимот на Роналд Куман има само три победи, исто толку порази, а два меча ги заврши нерешено.

Standings provided by SofaScore LiveScore

sportmedia.mk

Најчитани вести