Skip to main content
x

21 Nov 2020 - 22:25
sportmedia
Статија

Екипата на Ангели продолжува перфектно сезонава во Втората лига. Откако тимот од Кисела Вода не успеа да влезе во „елитата“ поради пандемијата на коронавирус и одлуката на КФСМ да ги одлучи патниците на еден друг начин, одново потсети дека со право има прволигашки амбиции.

По двете убедливи победи, денеска кошаркарите на Ангели одиграа дерби натпревар против Феникс во рамките на 3. коло во групата Исток.

Очекувано, ова беше интересна средба, на крајот по голема борба, Ангели излезе триумфално и славеше со 69-65 нанесувајќи му го првиот пораз на противникот, кој исто така имаше успешен вовед на сезоната.

sportmedia.mk

Најчитани вести