Најдобриот тенисер во свет, ја завршил сезоната, но верува дека во следната ќе се врати уште посилен.

Го совладал Доминик Тим после скоро три часа игра, а после мечот било евидентно дека Ѓоковиќ не бил задоволен со постигнатото во последниот меч во 2020 година.

Ѓоковиќ со пораз во полуфинале ја завршил сезоната освојувајќи 200 нови бодови за АТП листа, бидејќи во Лондон освоил една победа повеќе од 2019 година.

“Незнам дали дали некогаш вакво нешто ми се случило – некогаш кога ќе затвориш очи и играш со сета сила, а нему му успеа. Му честитам на храброста. Ја удараше топката со сета сила и се влегуваше. Како што реков, направи се како што требаше, морам да му симнам капа и да му честитам. Бев во секој поен, но не ја туркав топката, но тој ја уништуваше топката, играше одлично“, искрен бил првиот рекет во светот.

“Океј. Имав и добри и лоши сезони, освоив еден гренд слем и играв во финале уште еднаш. Ја завршив годината како светски број еден, звучи без врска да кажам ОК. Секако дека сезоната е извонредна, но се стремам кон подобро и мислам дека можам подобро. Сега со малку горок вкус во устата за ваков крај, но на крај барем ја изиграв својата игра и се борев до крај“, заклучил Ѓоковиќ.

Најчитани вести