Skip to main content
x

21 Nov 2020 - 20:05
sportmedia
Статија

Војдан Стојановски ќе биде во составот на македонската репрезентација за ноемврскиот квалификациски циклус во Талин. Капитенот беше во составот на Гравелин против Денан во 1/16 финалето во Купот на Франција, кој тимот на Војдан го доби по продолжение со 100-107.

Двата тима одиграа неизвесен меч, со бројни промени на водството. Гравелин одигра добро во третата четвртина (37-23), имаше и двоцифрено водство. Противникот успеа да се врати целосно во мечот во решавачките десет минути беше на прагот на победата, но Гравелин успеа да се избори за продолжение, а потоа за победа.

Војдан за нецели 23. минути во игра постигна осум поени (1/1 за три, 1/4 за два, 3/3 за еден поен), додаде уште два скока и три асистенции.

sportmedia.mk

Најчитани вести