Светиот архиерејски синод на Српската православна црква (СПЦ) денеска соопшти дека за време на молитвата за испраќање на патријархот Иринеј, што ќе се одржи во Соборниот храм на Светиот архангел Михаил и во Спомен-црквата Свети Сава во Врачар, СПЦ строго ќе се придржува до мерките пропишани од надлежните државни органи.

Но, на фотографиите и снимките од Соборниот храм во Белград се гледа дека ретко кој од граѓаните има маска, и дека крстот и покровот над покојниот патријарх Иринеј се бакнуваат.

Верниците уште од вчера се збогуваат со патријархот, но она што за жал е проблематично во времето на коронавирусот е тоа што тие не се придржуваат кон епидемиолошките мерки.

На фотографиите може да се види дека растојанието меѓу луѓето не постои, дека голем број од нив не носат маска и дека луѓето го бакнуваат скаклото што го покриваше покојниот патријарх Иринеј, како и ковчегот.

Поради тоа, свештените лица на неколкупати го дизинфицираа стаклото под кое е изложен Иринеј.

Најчитани вести