Skip to main content
x

21 Nov 2020 - 16:55
sportmedia
Статија

Денеска во Имола се возеше трка од ТЦР Италија шампионатот, инаку претпоследна за оваа сезона, во која учествуваше и најдобриот македонски возач Игор Стефановски – Иџе. Трката имаше интересен старт, некаде по третиот круг имаше мешаница на патеката по која дел од учесниците излетаа, а Шпанецот Аскон го искористи моментот и од третата позиција изби на чело и до крајот го задржа водството и победи (време 28:31.521 минути). Второто место му припадна на Џакон, а третото на Челмини.

Иџе со својот „Хјундаи i30“ заврши на позиција шест иако во еден момент имаше можност да го совлада Ахмадов во борбата за петтото место, но не успеа. Иџе заостануваше во однос на победникот 28.770 секунди.

Утре уште една трка на патеката Имола и на која повторно ќе го видиме нашиот возач.

sportmedia.mk

Најчитани вести