Има ли начин да се средат нештата на балканот? Има! Ама, некој од таму вика ‘‘доџи јуче‘‘. Од каде да се почне средувањето. Балканските војни пролеале реки крв. Блатото по кое чекориме не се создало од дожд. Дождот носи бериќет. Ова е некоја мрсна кал, натопена со крв, не се суши. И никогаш нема. Македонската нација е создадена по сите историски протоколи. Исто како и бугарската, ама оваа втората била толку стара и етаблирана, што во моментов со првата си игра дрндупка ама што би рекле србите ‘‘ на кварно‘‘.

Регионално, сите дејци кои ја носеле македонската кауза имале избор да студираат и дејат или на софискиот универзитет или солунскиот. Тоа не значело ниту дека се бугари, ниту грци. Поемата ‘‘Сердарот‘‘ од Григор Прличев е пишувана на грчки, ( О Арматолос), ама тоа не значи дека ‘‘Глишо‘‘ бил грк. Каде е сегашната разлика? Разликата е во тоа што можеби и денес се слушааат т.н. ‘‘пискотници од Галичник до Река‘‘, ама на современ македонски јазик. Па ти скокај до утре на бугарската телевизија.

Позицијата на Македонија во рамките на СФРЈ, а кон бугарите најдобро се одсликува во стиховите на една песна ‘‘Шта би дао да си на мом месту, да те мрзе а да ти се диве‘‘! Се сеќавам како дете кога одевме у Бугарија на нас гледаа како на вонземјани. Да не навлегуваме во ‘‘ двете червени‘‘, за да не биде говор на потценување и омраза. Иако, баш ми е симпатична онаа министерката со окалките. Реков, сипматична, не ми местите говор на омраза. За тој говор го изеде стапот Зоран Иванов, новинарот, затоа што го кажа тоа што сите го мислат ама немаат ‘‘газ‘‘ да кажат. Ааа?... кај глеаш говор на омраза!?

Бугарите додуша се мрзеа самите себе си преку пеесет години зашто им беа у скут на русите. Таква камасутра не попил ниеден народ на балканот. Ама,.. оној истиот Тито за кој окалкана вика дека бил диктататор, им има речено ‘‘ не серите многу дан‘ ви дојдам‘‘! Трррт! Ај‘ гукни да те видам!? Диктатор угнетува народ, а не го брани ко свое чедо. Балгарчета, треба ли да ви се црта! Историја не се црта, се живее.

Е, сеа тоа што ние станавме по сопствениот акал своевидно ‘‘село без кучиња‘‘ не се должи на историја!! Се должи на социо – економски фртутми за кои не покажавме зрелост да ги средиме. Е, јбг, уште еден период ке си бидеме така, ама ако бугарите сметаат дека се ‘‘ бољи од нас‘‘ и покрај тоа што се ‘‘ Европјани‘‘ ( ех, тибам к‘сметот наш) тоа да му го кажуваат на некој друг. Нека прошета некој по рурална Бугарија. Ќе види дека сеуште амбиентот е како кога на секое ќуше имаше билборди ‘‘ Вечнаја дружба КПСС и БКП‘‘ ! Да не ти даде господ да бидеш ‘‘европјанин‘‘ у рурална Бугарија. Заеби ти Софија. И Скопје е едно, а Македонија инсајд друго.

Јас најискрено сметам, дека бугарчињата играат европска игра. Добра улога во одлагањето на прогресот на Македонија за влез во Европа. Европа има свои проблеми до гуша. До скоро време улогата ја играше Грција, а бугарите само ја презедоа штафетата. Во европската политика има неверојатна хипокризија и ‘‘финти Г-16‘‘, апропо прогресот на Македонија и Албанија за старт на преговори и влез во Европа.

Ако можеше Европа ‘‘на клоци‘‘ да ја бутне Романија и Бугарија во ЕУ, може и нас ако само сака. Нејќе уште бе луѓе! Самата си има сериозни проблеми, затоа калкулира и не држи ‘‘ на куплунг‘‘ дур не напраи калкулација. На ионака видно ранливата Европа не и е потребно социо-економско туморозно ткиво па да му го трга ‘‘ и неговото гајле‘‘!

Тоа што сите го подзабораваат како тема е микро-регионализацијата како камче кое се фрли во вода, направи бранови, ама на тоа заврши. Во меѓувреме короната ја заеба математиката, се создаде хаос, а идејата ( бидете сигурни намерата) само се одложи. Во меѓувреме ‘‘џвакаме гурабии‘‘ дека еве, со лична карта се шетаме регионално, отвараме ‘‘полиња за соработка‘‘! Која ментална мастурбација! Бидете сигурни дека во Европа пред да ја заокружиме ‘‘мини Шенген‘‘ приказната нема да влеземе па да простите ‘‘ да се јебеш‘‘!

Овој народ голтал и ќе голта. Кога може да ја голта домашната политика, за меѓународната и ‚‚гео‘‘ политиката не праиме муабет. Во секој случај и микро-регионализацијата е ‘‘ дај шта даш‘‘ муабет. Боље ‘‘ишта него ништа‘‘. Сибале мајката европејците каква игра ни местат.

А ние, си праиме кризна состојба во време на криза. Единствен ‘‘аир‘‘ ќе видат приватните медицински установи кои ќе мораат да бидат дебело наградени за отстапување на капацитетите. Народот од оваа кризна состојба ќе добие само ‘‘мандало‘‘. Ако Гоце Делчев го подразбирал светот како поле за културен напревар меќу народите, политичарите народот го подразбираат како магарица на сред ливада на која стопанот може да и се ‘‘ качуе‘‘ кога сака.

Играме ситно оро сред балканското блато. Мрсно некое блато. Битно е да не паднеш, а не дали ги знаеш чекорите. Музиката ионака доаѓа како и секогаш низ историјата од ‘‘големите‘‘. Вежи коња где ти газда каже велат србите.

Македонијо, не смееш да паднеш во блатото. Не затоа што нема да се дигнеш и продолжиш, туку затоа што ќе ја отвориш дупката во која е скриена Пандорината кутија.

Држ‘ се Македонијо!

Агим Јонуз

Најчитани вести