Несекојдневна снимка од операциона сала во болница во Прибој ги шокирала корисниците на социјалните мрежи.

На снимката се гледа пациен кој лежи на операционен стол и заедно со медицинскиот персонал пее хит од Сафет Исовиќ “Све бехара“ додека лекарите го оперираат.

Сестрите вероватно се обидуваат да го намалат стравот кај пациентот, па од мобилен телефон пуштаат народњак, пеат и џускаат покрај операциониот стол, додека пациентот се обидува да ги прати.

Во еден момент пациентот кажува што му фали за да му биде што поугодно.

“Уште да има малку ракија, добро би било“, зборува пациентот.

Не е познато каде и кога точно направено е ова видео, но корисниците на социјалните мрежи велат дека оваа сцена не е нешто неообично.

“Мене кога ме сечеа одеше песната ‘Све је исто само њега нема’, вероватно тоа оди по потреба“, напишал еден корисник.

Снимката веќе предизвикала бројни реагирања на социјалните мрежи, додека едни ја прифаќаат оваа журка во операционата сала како неопходна за поуспша на операција, други ваквата постапка ја осудуваат.

Најчитани вести