Пејачите на своите настапи не само што ја забавуваат публиката, туку честопати и имаат проблем со неа. Но речиси сите се согласни - и тоа е дел од работата и нели не може се да е како подмачкано.

Дека навистина е така потврдува и Иван Јованов, фронтменот на Либеро бенд, кој откри дека непријатните случки може да ги избори на прстите од една рака и горе-долу сите му биле повеќе симпатични отколку причина за нервоза, а целиот живот ќе ја памети „запалената“ обожавателка која му се качила на сцена и го бакнала, онака филмски.

-  Тоа беше директен напад. Се случи во Струмица, чинам пред 6-7 години. Пријде една девојка со ружа во раката. Ружата ми ја стави во фармерки, ме бакна и ме турна наназад. Дури и ми го бутна сталакот. Среќа брзо реагираше обезбедувањето, Иван се присети на една од помалку симпатичните случки од досегашната кариера. А токму за оваа случка тој зборуваше во видеото во продолжение:

  

Најчитани вести