За три години откако Градот Скопје почна со организираното паркирање на Водно собрани се 90.000 евра од наплатата на паркирањето, изјави градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов.

Тој најави дека тие средства ќе бидат вложени за подобрување на инфраструктурата на планината.

Шилегов денеска на Водно го промовира проектот за поставување на патоказни и инфотабли на планинарските патеки на Водно и на Скопска Црна Гора.

„Денеска и официјално го започнуваме трипартитниот проект меѓу Градот Скопје помогнат од Амбасадата на Чешката република и Планинарскиот сојуз на Република Северна Македонија за мапирање на планините во Скопје. Овде, на Водно, ќе поставиме 42 патокази и 6 инфотабли, а новина е што ќе поставиме и 12 патокази и 2 инфотабли и на Скопска Црна Гора и ќе го префрлиме фокусот и на другата планина која ја ограничува Скопската котлина. Целта е на граѓаните на Скопје и на посетителите на Водно да им помогнеме со поставување на нова и квалитетна сигнализација, а движењето да го направиме полесно, поедноставно и попрегледно“, рече Шилегов.

извор: Makfax

Најчитани вести