Некои грешки во самостојниот третман на коронавирусот можат да му наштетат на организмот, па дури и да доведат до смрт, сподели лекарот и ТВ-презентер Александар Мјасников на својот профил на Телеграм.

Како пример, тој ги наведе случаите кога пациентите со симптоми на вирусот земале моќни лекови за разредување на крвта по сопствена иницијатива, по што некои почнале да имаат крвавење во мозокот и тешко крвавење од гастроинтестиналниот тракт.

Лекарот ваквите пациенти ги нарече „самоубијци“.

Мијасников, исто така, потсети дека антибиотиците немаат никакво влијание врз вирусот.

Најчитани вести