Кујтим Фејзулаи, терористот кој беше убиен од полицијата за време на нападот во Виена, Австрија, сè уште не е погребан.

Газета Експрес пишува дека контактирале службени лица во Виена за да добијат информации за тоа каде и кога ќе биде погребан Фејзулаи и за можноста да биде погребан во Македонија, бидејќи тој има и македонско државјанство.

Службениците од Виена рекле дека за местото каде што ќе биде погребан ќе одлучува неговото семејство. Според нив, досега, не е донесена одлука за ова прашање, бидејќи истрагите од федералните власти сè уште траат.

Семејството ќе одлучи каде и како ќе биде погребан напаѓачот. Досега не е донесена некаква одлука, изјавија службениците.

Во меѓувреме, муслиманските гробишта во Лиесинг, Виена, се против погребот на Фејзулах во Австрија.


Тој е личност која уби невини луѓе. Тој ни нанесе штета на сите нас муслиманите. Никој не сака неговото тело да лежи покрај убиец, рече Ибрахими.

Друга алтернатива за погребување на виенскиот напаѓач беа муслиманските гробишта кај Алтах во Воралберг, но и таму не беше дозволено.

Гробиштата Алтах се гробишта за муслиманите кои живеат во Воралберг, после нивната смрт.Ние не гледаме причина да дозволиме да биде погребан тука, рече градоначалникот на Алтах, Маркус Гисингер.

Кујтим Фејзулахи, 20-годишен Албанец од Македонија, уби четири лица и рани 23 други ноќта на нападот што ја потресе Виена. Вкупниот број на уапсени лица за овој напад достигна 14 лица.

Најчитани вести