Детоксикацијата не мора да биде непријатна и агресивна за организмот. Ако размислувате како да го спроведете тоа, а да „не боли“ еве еден едноставен рецепт со ѓумбир, краставица и лимон.

Време е организмот да го исчистите од токсините и масните наслаги, кои се наталожиле од калоричните зимски оброци. Детоксикацијата не мора да биде непријатна и агресивна за организмот. Ако размислувате како да го изведете тоа, а да „не боли“, еве ви еден едноставен рецепт.

Свежа краставица и корен од ѓумбир (средна големина) исецкајте ги на коцки и ставете ги во поголем сад, па додадете осум чаши вода. Потоа ставете го и лимонот, измиен со сода бикарбона и пресечен на половина, како и неколку свежи листови од нане или една лажица сушено нане.

Оставете ја смесата во текот на ноќта во фрижидер и наредното утро започнете со консумација, чаша по чаша, од утрото до ноќта. Напитокот е вкусен, па нема да ви биде тешко да го консумирате. Правете го тоа четри последователни денови, па направете кратка пауза. Ќе забележите резултати по вториот третман бидејќи оваа течност ќе го намали вашиот апети, а притоа ќе ве освежи и прочисти од масните наслаги, ќе ја намали надуеноста и ќе го забрза вашиот метаболизам.

Најчитани вести