Во вечерашното гостување на премиерот Зоран Заев на Телевизија 21 во Клик Плус, го бранеше  бугарскиот премиер Бојко Борисов, па истакна дека тој не е крив, туку дека виновни за ветото и ставовите на Бугарија се изборите кои треба да се случат таму.

-Не верувам дека ветото е желба на Борисов или на бугарскиот народ, туку тоа е заради изборите кои треба да се случат во Бугарија, рече Заев.

Тој исто така истакна дека Борисов не му честитал за наградата, како и после ветото не се слушнале телефонски, но ќе го барал во следниот период да дискутираат за сите скорешни случувања.

Најчитани вести