Кристијано Роналдо денес може да си дозволи се што ќе посака, тој е прв фудбалер во историјата кој заработил повеќе од милијарда долари, а на времето немал ни за леб... Пораснал во шестчлено сиромашно семејство. Неговата мајка Долорес работела по неколку работи за да ги прехрани. Татко му бил воен ветеран, кој своите проблеми ги лекувал со алкохол, па целиот товар паднал на Долорес.

Роналдо бил вљубен во фудбалот, па мајка му правела се да му овозможи да си го оствари сонот и да стане професионален фудбалер. Кога имал 12 години отишол во Спортинг од Лисабон потполно сам. Немал пари и често бил гладен.

„Имав 12 години и немав пари. Живеев со врсници, други играчи од цела Португалија. Ми беше тешко без семејството. Се сеќавам дека имаше еден „Мекдоналдс“ во кој добивавме хамбургери, оние што не ги продале во текот на денот. Таму работеше една жена и уште две девојки. Се надевам дека луѓето ќе ми помогнат да ги најдам“, рекол Роналдо во интервју за британска телевизија. 

Неговите обожаватели брзо ја почнале потрагат, и конечно била најдена Паула Леса, жената која ја барал фудбалерот.

„Ќе дојдеа пред ресторанот и кога ќе останеа по неколку хамбургери, менаџерот ни дозволуваше да им ги дадеме ним. Едно од децата беше и Кристијано, кој беше најплашлив. Доаѓаа скоро секоја вечер“; рекла Паула за „Renascencu“.

„Сега сето тоа ми е симпатично. Му раскажав на синот и не можеше да верува. Тешко му беше да замисли дека мајка му му давала хамбургери на Роналдо. Маж ми знаеше за тоа затоа што доаѓаше по мене да ме земе од работа и го гледаше Кристијано“; додала Паула. 

Роналдо рекол дека би сакал вработените да дојдат кај него на вечера за да им се оддолжи. Паула му порачала дека со задоволство ќе ја прифати поканата. 

„Прво ќе му се заблагодарам, а потоа ќе разговараме и ќе се потсетиме на минатите времиња“, вели Паула. 

Paula Leca. the lady that fed a poor timid and hungry Ronaldo now is time for her to be fed by someone who is not related to her. Invest in lives of those who can't pay you and expect reward from God. pic.twitter.com/Xq9yPxQsFG

Најчитани вести