Познатиот актер Иван Бекијарев почина денес во Белград.

Бекијарев се разболе од вирусот корона минатиот месец, а неговото здравје се влоши пред околу десетина дена.

Во последните неколку недели тој беше на Инфективната клиника во Белград. Актерот дознал дека бил позитивен на вирусот корона додека снимал, поради што веднаш го напуштил сетот.

Првата улога Бекијарев ја играше во далечната 1967 година, а играше повеќе од 150 улоги во театарот и над 50 филмски улоги. Најпознатите серии во кои играше се „Подобар живот“, „Среќни луѓе“, „Отпишан“, „Горчливи плодови“.

Најчитани вести