Захиа Деар, која се прослави како малолетна проститка која меѓудругото спиела и со француските фудбалери Франк Рибери и Карим Бензема, денес е дизајнерка, модел, актерка и инфуленсерка. 

Во 2014 судот ги отфрли обвиненијата против двајцата фудбалери, а ослободени се затоа што е утврдено дека не можеле да знаат оти Захиа е малолетна. 

 

Медиумите тогаш пишуваа дека Рибери на својот роденден платил околу 2000 евра за ноќ со малолетната мароканска проститука, но таа подоцна пред судот рекла дека лажела оти е полнолетна. Бензема, пак, за ноќ со Захија и тоа една година претходно платил 500 евра. 

 

Скандалот и помогнал на Захија во кариерата, па работела како модел и актерка, а се обидела и да биде дизајнерка на долна облека. Родена е во Алжир во 1992 година, каде се уште живее татко и, кој се откажал од неа кога дознал со што се бави.

 

„Немам љубовник и сите заработени пари доаѓаа кај мене. Услуги пружам само на оние на кои јас сакам и никој не може да ме натера да правам нешто што не сакам и кога не сакам. Јас всушност сум call girl, а не проститутка“, рекла своевремено. Захиа на Инстаграм има преку 200 000 следбеници кои секојдневно ги чести со провокативни фотки.

 

Најчитани вести