Потребни состојки:

• 600-700 г компири
• 300 г сланина
• 100 г топено сирење (може и кашкавал)
• 2-3 јајца
• 3-4 супени лажици брашно
• колку што е потребно пресно млеко, брашно, лебни трошки, масло за готвење
• по вкус сол и мелен црн пипер

Начин на приготвување: Најпрво сварете ги компирите во солена вода. Потоа изгмечете ги, односно додека не добиете пире. Кон пирето додадете го маслото, млекото и зачинете со сол по ваш вкус. Може да додадете и други зачини, по желба. Оставете го пирето да се излади. Во меѓувреме исечете го кашкавалот (топеното сирење) на големи коцки. Јајцата изматете ги. Оформете топчиња од пирето, а во средината на секое топче додадете парче кашкавал, а одозгора добро завиткајте го во 2 парчиња сланина. Секое топче потопете го во брашно, потоа во изматените јајца и на крај во лебните трошки. Ќофтињата приготвени на овој начин пржете ги додека не добијат златна и крцкава кора.

Најчитани вести