На прашањето на американската телевизија „Fox news“ упатено до поранешниот ирански претседател Махмуд Ахмадинеџад, „Кога ќе се погледнеш во огледало наутро, што ќе си велиш себе си?!“ Тој одговори:

Се гледам во огледало гледам еден човек и му велам: „Запомни, ти не си ништо повеќе од обичен слуга“.

Тој рече дека нема никаква титула, туку само одговорност да му служи на народот. И ако не се чувствуваше чист пред народот, не ќе можеше да постои, а уште помалку да ја води државата.

Како претседател, тој одби да живее во луксузната палата, а  веќе некое време живее во својата скромна семејна куќа, заедно со сопругата и трите деца. Кога безбедносните служби му кажаа да избере друго место од безбедносни причини, тој се одлучи за уште поскромен стан од едвај 50 метри квадратни .

Додека беше претседател, тој одеше на работа со автобус, додека неговата сопруга работеше како чистачка. За време на неговиот мандат, секој нов министер мораше да потпише документ со повеќе точки, вклучувајќи и дека ќе се контролираат нивните сметки и сметките на неговите роднини. Истото го стори и самиот, презентирајќи го извештајот за неговиот имот: автомобил „Пежо 504“ од 1977 година и мала стара куќа во еден од најсиромашните делови на Техеран, наследени од неговиот татко пред 40 години .

Често им помагал на чистачите на улици во деловите од градот каде што работел. Тој дури отиде дотаму што не земаше ниту претседателска плата, а тоа го објаснува велејќи дека целото богатство треба да и припаѓа на нацијата и тој да го штити. Според тоа, тој дури и го надмина поранешниот уругвајски претседател Мухика по скромност.

Сега живее со плата од 250 долари месечно како универзитетски професор. Тој од политиката се повлече во 2013 година по два претседателски мандати.

Откако се повлече од политиката, тој работи како овчар и чува овци.

Најчитани вести