Секоја асоцијација со поедини личности е злонамерна. Се работи за тројански коњ во бугарска верзија. Ќустендил секако не е Троја, ама е јадро на фиктивни жители регистрирани со се пасош а си шетаат под небото македонско и се бусаат у груди дека се најголеми патриоти.

Каде е кобилата?!

Таа допрва ќе догалопира. Само ќе чека погоден момент. Кој е тој момент. Пописот. Да бидеме разумни, ако некој смета дека ние ( македонската страна) ќе поминеме туку така со Бугарите, не да се заебал, него му треба лечење. Бугарите како никогаш до сега не биле посилни, а богами ниту во боља ситуација да не дупат како сакаат.

Зошто пописот? Многу просто. Тој во сите комбинации ке биде мониториран од меѓународниот фактор. А тогаш, бугарите нај легитимно ќе го пљукнат на маса списокот на сите ‘‘пасошџии‘‘ и нај легитимно ќе си потврдат дека тука има еден ал Бугари! Тррт ! А после, иди ти и докажи дека не е вистина, кога на списоците нај спектакуларно ќе прочиташ име на некои ‘‘ мега и гига  македонски патриоти‘‘.

Хант !.. ‘‘ пиши двеста‘‘ !...

Македонија има ‘‘покрај 300-те проблеми‘‘ еден друг многу сериозен. Тоа е немање сериозен стратешки регионален партнер кој ќе стои зад нас и ние зад него, па коа некој ќе ја ‚‚гиба‘‘ да каже ‘‘ дај бе не сери тргни раце од Македонија‘‘! Сите добрососедски односи се тешко лицемерие. Слободно погледај на Гугл Мапс со кого сме опкружени и покажи ми барем еден сосед кој не сака ‘‘без интерес и задкулисни игри‘‘. Тоа се приказни за мали деца.

Откако дефиниравме дека со бугарите уште четри века ке имаме проблем дали Бај Гањо јадел кебапчиња на Бит Пазар ‘‘у свое маало‘‘ или бил турист, само да потсетиме дека кога ние одевме по одмори со стандард на американци, бугарите покрај патот можеше да ги распознаеш по тоа што крај патот ‘‘обедваа на чергиче‘‘ покрај паркираниот ‘‘Запорожец‘‘, а у најбоља варијанта Жигули. Германците оставија понекој ‘‘Volkswagen” само на најзаслужните после капитулација. Ти текнуе?!

Србите ќе се откажат од Вардарска Бановина ‘‘ кад прдне мртав‘‘! Македонската страна со бугарите немаше многу мешани бракови, ама со србите секој трет. Се родија генерации кои се ‘‘фифти-фифти‘‘ Македонци и Срби. Ене ти ја населба Аеродром, уште скоро сите бивши офицери оад ЈНА си ги чуваат становите. На Србија Кајмакчалан и е една од светињите. Башка, откако црногорците ги одјебаа, а у Албанија нема шанси, историјата во форма на иднина ќе покаже и докаже дека србите кад-тад ќе си добијат излез на море. ‘‘Тхесалоники‘‘! Алооо!

Албанците одат полека ама сигурно кон замислената ‘‘етничка земја‘‘ која се простира голем дел и на десната страна на Вардар. Што да се лажеме! Кад-тад, без разлика дали територијалните граници ќе ги чува НАТО, отварањето на границите само по себе ќе направи ‘‘етничка Албанија‘‘, па ти скокај до таван ако сакаш. Косоварите веќе и не го кријат тоа. Разликата е во тоа што на нив не им треба ни Тројански коњ, ни Бугарска кобила, зошто албанскиот народ нај легално постои и е регистриран со сите нишани. “Po vallahi” !

Грците се вечна приказна. Откако по осамостојувањето ВМРО-вците најавуваа следен конгрес у сред Солун, реториката спадна на ценкање која викендица колку кошта на Халкидики и дали има некој дел за кола по ‘‘Вардарија‘‘ у Солун. На брегот на полупресушеното Преспанско Езеро се стави параф на историјата која ке биде забележена како еднаш засекогаш предавство на Аца Велики кој своите граници ги заковал кај Демир Капија, зашто нагоре до Врање, се е – Пеонија. А ние може картите да си ги стаиме да не кажам каде. Она што е битно, барем едно време купивме мир, кој е само привиден. Грците ќе не признаат како Македонија ( стварна) жими такво.

Турците?! Ма, ги заболе турците патљак за нас. Се е само империјалистичка романтика. Панисламизам темелен на корени кои се засадени на наша земја пет века. Деструктуирана генеза на присуство след кое цивилизациските вредности и оставштини какви што оставиле на овој простористо  и римјаните, крстоносците, старогрците, келтите. Еклатантна политичка романтика базирана врз современи гео интереси. Религијата е единствен врзувачки елемент на овие и тие простори. И секако, пет века не се знае кој колку и каде деца посадил.

Каде си Македонче. Деминутив од љубов а не од заебанција. У некоја рука и јас сум Македонче, тука ми се корените. Шареноликоста на твојата разделеност и неединство е како ‘‘Рубикова коцка‘‘. Додека на тебе пукаат од сите страни, дополнително сам си пукаш у нога. Нај мазохистички кон сопственото постоење и историја.

Каде е решението?! Пред нос! Македонијо, не успеа да се создадеш ‘‘здрава‘‘ за триесет години. Не стана современ фактор на микро геополитиката. Решението е пред нос а се вика компактност на ткивото. Труло ни е ткивото. Како да се излечи, хируршки ке боли, а со апчиња ке трае уште триста триесет години. Не! Врати ги младите од по светот и пушти ги да касаат во оваа ‘‘проклета авлија‘‘.  Тие да најдат решение, исто какво што го гледаат по туѓи дворови. Нека направат “ Copy-Paste”.  А ние сите постари да се носиме у три лепе пичке материне!

У суштина по ‘‘три пичке материне‘‘ од кај нас има ли?!

А бе, не е дека нема, ама секој си плаче на својот гроб, нели!

Агим Јонуз

Најчитани вести