Врската помеѓу помлад маж и постара жена не е невообичаена, особено во денешно време кога повеќето луѓе се подготвени да ги разбијат предрасудите. Во летото 2019 година, Владимир (27) исто така влезе во една таква врска.

Ова е неговата приказна.

- Тијана е постара од мене 11 години. Се запознавме додека чекавме во ред во маркет. Ми се допаѓаше нејзината самодоверба и смисла за хумор. Покрај тоа, таа е неверојатно згодна - вели Владимир.

Откако отишле на кафе, Тијана му рекла дека е омажена, но дека е во фаза на развод.

- Неколку месеци пред да се запознаеме јас и Тијана, раскинав со мојата девојка. Тијана многу ми се допадна, па започнавме врска. Таа не сакаше да се гледаме во нејзиниот стан, рече дека тоа е нетактично, бидејќи иако таа и нејзиниот сопруг живеат одвоено, тие сепак го делат истиот простор за живеење. Затоа се гледавме кај мене и беше фантастично. Колку добро изгледа, уште е подобра во сексот!

Но, како што започна новиот бран на коронавирус, Тијана малку се смени. Еднаш дури ми рече дека размислува да ја повлече тужбата за развод и да се врати кај сопругот. Тоа ме скрши. Продолживме да се гледаме, бидејќи не можам да ја контролирам мојата страст кон неа, но во исто време се плашам дека нејзиниот сопруг може да дознае за нашата афера и да направи скандал. Што да правам?

Советот кој го добило ова младо момче е да ја остави, бидејќи во ниту еден момент не спомнал емоции, туку само страст.

- Во моментот кога страста ќе пресуши, ќе сакате да имате целосно партнерство со некого, што вклучува за заљубување, сексуална привлечност и компатибилност. Освен тоа, изгледа дека Тијана на почетокот не била целосно искрена. Велите дека сте заедно повеќе од една година, и дека таа веќе била во фаза на развод на почетокот на вашата врска. Ако навистина сакала развод, можела да го прекине тоа одамна.

Работите се кристално јасни - остави ја таа жена пред ситуацијата да ескалира во погрешна насока. Животот не се однесува само на страстите, туку и на искреноста, довербата и посветеноста кон „другата половина“.

Најчитани вести