Вклучувајки ме и мене де! Коа ке ме наречат експерт ми се дига егото, што да се лажеме! А јас сум си само еден обичен речит мудодрап. Такви како мене има за извоз. Знаеме ли ние што е тоа експерт бе! Експерт има анализа, има критика, има забелешки, ама најважното од се е тоа што нуди решенија и дава издржани ставови.

На овој народ после сите препораки и рестрикции не му остана ништо освен да јаде, да пие и да извините да се онакви! И тоа по дома. На цела депресија од пандемјава, дојдовме до онаа трагикомична клетва која вели ‘‘ да даде господ туѓи пари да броиш и своја жена да онаквиш‘‘.

Корона пандемијата барем кај нас е невозможно да се контролира се додека тестирањењто треба да се плати и тоа скапо. Луѓе немаат за леб, а камо ли цело семејство да го тестира. Кризата како и да ја свртиш е невозможно да ја контролираш. Познавам луѓе кои попрво ке ги натераш да ти ископаат бавча отколку да одат на тестирање. Не е дека не сакаат.

Како да контролираш пандемија кога еден најобичен сиромашен човек несвесно а заразен, шири вирус како нуклеарна бомба. Уште ако е асимптоматичен, тогаш и коте и моте го лапнуе вирусот како попче сарма. Уште и ако работи некоја услужна работа со луѓе, наебала пола нација. И сето тоа затоа што тој за да провери дали е плус или минус у коронава треба да издвое третина од просечната македонска плата.

И?! Сега ти мене ‘‘ под контрола е ситуацијата‘‘! Ташаков ти е под контрола, да извиниш. Медицинарите многу добро знаат дека самата медицина се дели на превентива и куратива (лечење).  Ако експертите сметаат дека на народот ке му оставиш сам да води превентива, тогаш да ти се мочам на дипломата. Или ако сметаш дека ќе остаиш на свест. А бе ти си тој што го водиш орото у криза! Нели се нарекуваш експерт. Арно ама!

Во секојдневие на една држава во која секој ден испаѓа на виделина корупција, криминал, лоповлук, проневера и саботажа, јавното здравство паѓа на испит во еден специфичен елемент. Не е превентива само да ми трубиш по сите гласила дека треба да носам маска, туку и да дојдам кај тебе у амбуланта и да се тестирам бесплатно за да имаш и ти увид у ситуација, а со самото тоа и јас да знам како да се однесувам, покрај таа проклета маска што треба да ја носам.

Вака, ти само броиш жртви и паднати борци во војна на која не го контролираш фронтот и битката. А војниците остануваат само топовско месо. На војската ниту си и дал адекватна спремност и обука, ниту оружје, а богами ниту маска. За каква мерка зборуваме ако сакаме сите да носат маски секаде, а не делиш барем бесплатни маски! Алоо!! Она циганчето на улица што проси мислиш ќе купи маска? Тоа не знае ни што се случува! Кого ебеш у мозак?

Сакам да знам дали сум позитивен ( не на Сида) или негативен бре државо! Или дај ми бесплатен тест или дај ми пари да си платам. Немам! Треба ли да умрам па да постхумно дефинираш дека сум бил заразен. Остај што сум заразил уште триста души околу мене.

Наместо да импровизираш, лажеш и крадеш, експертска фело ( ало, државо) имаш ли по улици пунктови за оние што немаат, а сакаат! Сакаат да се пазат, да се чуваат и да се начисто со сопствената, а со самото тоа и јавната ситуација. Народ што нема за леб, излага на улица, а улицата му вика ‘‘ врати се дома, седи и не се мешај со луѓе.

Ок! А, дома ке ми дадеш да понесам средства за хигиена, дезинфициенс и потврда дека сум незаразен или заразен за да знам како да се однесувам социјално!? Попрво ке ми дадеш Онакво поголемо одколку средства кои се потребни за да ти се придржувам до препораките. Парите за иљадници бесплатни тестови и превентивни потребштини на народот ги изеде магарето што го тренирале како да го клати мандалото.

Вибам тоа експертите. Само да се мрчело а да не се преземало ништо. Барем не за широките народни маси кои немаат услови. За фукара! А, тие се најранливата категорија. Меѓу вас нема сиромашни. Ако ништо друго, вам по службена должност ви прават тестови, ви даваат маски ‘‘ и за по дома да има‘‘, ве лечат во соби по болници со ‘‘ВИП‘‘ третмани, а на крај ве прогласуваат и за национални херои.

Дајте му на народот бесплатно тестирање алооо,... експерти, мислители, гомнојадци и останати кои ги гледаме по вести секој ден како икони. Паѓате на испит на елементарното, а тоа е – грижата за долните слоеви. Или пак можеби ви се однапред искалкулирана колатерална штета!? Нека цркне боранија!

Државата паѓа на испит кај ќе стигне. Народот го јаде стапот како и да го свртиш газот му е отпозади. И нека му е! Барем не гледа како го дупиш како сакаш.

Ама осеќа, биди сигурен. Го дупиш, па го растураш!

Агим Јонуз

Најчитани вести