Корона вирусот може да предизвика намалување на когнитивните функции на мозокот, се наведува во новата студија која ја цитира „Тајмс“. Конкретно пациентите кои се опоравиле може да доживеат намалуцање на когнитивните функции, заради што мозокот после прележаниот ковид може да им „остаре“ за 10 години. Тоа воедно одговара и на падот на коефициентот на интелигенција за 8,5 поени. 

Состојбата е опишана како „мозочна магла“, а која ја искусиле многумина недели по опоравувањето, и тоа може да е знак за многу посериозни последици. 

Во студијата учествувале 84 285 луѓе кои имале потврдена зараза со корона вирус после што е утврдено дека оштетувањето на мозокот варира во зависност од тежината на болеста. Пациентите кои биле потешко болни, односно лежеле на интензивна нега и биле на респиратот претрпеле оштетување кое еднакво на пад од 8,5 поени на коефициентот на интелигенција или десет години стареење на мозокот.

Адам Хемпшир од Медицинскиот факултет Империјал колеџ во Лондон рекол дека „шокантните“ резултати од студијата не се ограничени само на пациентите кои се лекувани. Според оваа студија, дури и оние кои не пателе од респираторни проблеми, но биле позитивни на корона вирус имале пад на когнитивните функции за време на опоравувањето. Истовремено, луѓето кои се опоравиле забележале голема разлика во својот секојдневен живот, додека оние кои пријавиле „мозочна магла“, дури со месеци после опоравувањето рекле дека „не можат да се концентрираат на својата работа на ист начин како во минатото“. 

Резултатите од студијата би требало да послужат како „аларм“ за понатамошни истражувања за тоа како корона вирусот влијае на мозокот и зошто оние кои ќе се опорават имаат полоши резултати на когнитивните тестови во повеќе области. 

Најчитани вести