Создавање мраз на сибирскиот Арктикт многу е успорено во последните години, а 2020. после 2018 година е најлоша.

Научниците предупредиле дека поголем дел од Арктик се уште не почнал да замрзнува иако е крај на октомври и засега ова е најдоцна забележан период во кој мраз се уште не е создаден.

Климатскиот научник Захари Леби од Државниот универзитет во Колорадо поделил низа графикони на социјалните мережи каде што објаснува дека Арктикот поминува низ историски случувања и дека количината на мраз моментално е најмала количина која е забележана во овој период. “Количината оваа есен е апсурдна, мора да обрнеме внимание на овие показатели на климатските промени“, навел тој.

Арктичкиот морски мраз најниска точка обично достигнува во септември, највисока во март, а Леби укажува дека и дебелината на моркиот мраз исто така е под просек, пишува Индепендент.

Еколошките активисти и чувари на природата предупредуваат дека недостаток на мраз не е само предзнак на трагични климатски промени, туку тоа може да влијае на живот во море бидејќи мразот со себе носи хранливи состојки за арктичкиот планктон.

Виновник за тоа што морето не е доволно ладно да замрзне е необичното топло време на север на Русија и сибирскиот топлотен бран од пролета, како и глобалното затоплување.

Најчитани вести