Skip to main content
x

27 Oct 2020 - 10:05
sportmedia
Статија

Германскиот репрезентативец во Реал Мадрид Тони Крос призна дека неколку пати добил понуди за трансфер во други клубови, но ниту еднаш не помислил да го напушти мадридскиот клуб. 30-годишниот Крос ја игра седмата сезона во Реал со кого освои 13 трофеи, од кои три во Лигата на шампионите.

Би сакал да се вратам во Германија, во татковината, но искрено размислувам да ја завршам кариерата во Реал Мадрид. Среќен сум во Реал и се радувам што сум дел од овој клуб. Претходните години имав многу понуди, но не сум преговарал со ниту еден друг клуб“, изјави Крос.

Германецот го заштити својот тренер Зинедин Зидан кој имаше неколку лоши резултати, но се „извади“ со триумфот над Барселона на „Ноу Камп“.

Ние како фудбалери никогаш не сме се сомневале во Зидан. Ние победуваме и губиме заедно. Лесно е, кога нешто не оди, да има колебања и слично, но победата на „Ел Класико“ покажа дека нема повод за нервоза. Кога си во Реал Мадрид треба да го прифатиш тоа дека по секој пораз ќе бидеш изложен на критики. Важно е како ќе реагираш потоа. Ние го направивме тоа на најдобар начин“, изјави Германецот.

sportmedia.mk

Најчитани вести