Skip to main content
x

27 Oct 2020 - 9:35
sportmedia
Статија

Шокантна вест од Битола. При реконструкцијата на трибините на стадионот под “Тумбе Кафе“, поточно во делот каде што се рефлекторите, во непосредна близина на теренот, при изведбата на градежните работи пронајдени се БОМБИ и ГРАНАТИ, којзнае од кога, дали од Првата или Втората светска војна. Веднаш дошла полциија и стручни лица и истите се отстранети.

Навистина ова е за неверување,посебно ако се знае колку натпревари се одиграни во иминатите седум – осум децении од кога се претпоставува дека тие воени средства се поставени.

Значи во Битола на стадионот под “Тумбе Кафе“ се играло фудбал врз бомби и гранати, или поточно во непосредна близина.

Шокантно.

sportmedia.mk

Најчитани вести