Не само Јелена Карлеуша, туку уште еден член на жирито во Ѕвездите на Гранд од снимање на снимање се појавува во се пошокантни изданија. Така, денес сите очи биле вперени во Ѓорѓе Давид затоа што се појавил со бојадисано лице, а некои дури и искоментирале дека имал повеќе шминка на лицето од сите дами во жирито. 

Лицето на Давид било обоено со бела боја, едната веѓа му била нагласена со црна, како и пределот под окото, додека на другото око го имал знакот „каро“. Го бојадисал лицето, баш како што тоа го прават членовите на култната рок група „Кисс“, на кои ист им е принципот, само со ѕвезда - заштитниот знак по кој се познати, освен секако, покрај својата музика. 

Најчитани вести