Skip to main content
x

26 Oct 2020 - 20:45
sportmedia
Статија

Италијанскиот второлигаш Реџана има дури 27 заразени со коронавирусот, објавија италијанските медиуми. Откако прво беше утврдено дека во клубот има 16 позитивни, дополнителните тестирања покажаа дека има уште 11, па вкупно се 27. Од нив 21 фудбалер и шест членови на стручниот штаб вклучувајќи го и тренерот Алвини.

Реџана веќе одложи еден натпревар, а веројатно нема да добие ново одложување против Читадела идниот викенд. Тоа значи дека ќе мора некако да најде 13 играчи инаку ќе го изгуби мечот на „зелена маса“ со 3:0.

sportmedia.mk

Најчитани вести