Skip to main content
x

26 Oct 2020 - 19:15
sportmedia
Статија

Коронавирусот ги попречува плановите на секој тренер во светот на спортот. Ситуацијата секојдневно се менува, а токму поради овој невидлив непријател го става во неизвесност конечниот список на македонската ракометна репрезентација за квалификациските дуели против Финска и  Швајцарија.

Во првичниот избор на селекторот Данило Брестовац се најдоа 35 имиња, четворица од нив се од Металург. Но, се чини дека предводниот на нашиот национален тим ќе може да смета само на еден од нив. Добро е познато дека тимот од Автокоманда е во изолација по враќањето од Тулуз, и ќе излезе дури на петти ноември. Македонија првиот дуел во квалификациите го игра на 4. ноември на домашен терен против Финска, ова значи дека отпаѓаат Велко Маркоски, Мице Шилегов и Милан Лазаревски.

Само Мартин Серафимов ќе излезе порано, тој од 17. овој месец е во изолација и е во добра здравствена состојба, на 31. октомври ќе може да направи тест, а можеби и порано, па во зависност од физичката состојба ќе биде познато дали ќе може да биде во составот за Финска.

Брестовац за СПОРТМЕДИА изјави дека е тешко да се планира списокот, пандемијата коронавирус не мирува, постојано сме сведови на позитивни играчи во тимовите ширум Европа. Засега нема најави, но нема да биде чудо доколку и самите клубови не им дозволат на интернационалците да се вратат во своите земји и да ги одиграат квалификациските мечеви.

sportmedia.mk

Најчитани вести