Кога во 1972 година се појавија фотографии на кои Џеки Кенеди е гола, целиот свет занеме. Некогашната прва дама тогаш доби надимак „грмушка од милион долари“. 

Џеки беше јавно понижена, а за тоа всушност бил заслужен нејзиниот тогаше сопруг Аристотел Оназис. Тој и неговата тогашна љубовница Марија Калас. 

Кога Џон Кенеди е убиен, тајкунот Аристотел буквално се окомил на неа. Тогаш тргнал во лов на оваа убавицам пишува во книгата “The Good Son: JFK Jr. and the Mother He Loved“ на авторот Кристофер Андерсон.

Само неколку дена по погребот на Кенеди, Аристотел ја повел својата ќерка Кристина и ја посетил Џеки.

„Оставаше впечаток на вистински добар дух. И носеше подароци и неуморно се додворуваше. Далеку од тоа дека беше привлечен или пријатен, но Џеки не се омажи за него само заради парите. Беше страшно ведар и секогаш подготвен за акција. Во него едноставно трепереше животна сила“, изјавила за книгата Ајлин Мил, пријателка на Џеки.

Набрзо Џеки се омажила за Оназис. Судбоносното ДА го изговорила во 1968, а бракот им траел четири години. 

Во исто време, тајкунот бил во врска со оперската дива Марија Калас и тоа не го криел. Дури и се фалел со тоа и истакнувал дека е неверојатно богат и дека му се може. Во книгата, исто така, се наведува дека Аристотел заедно со Марија Калас и се потсмевал на Џеки и ја нарекувал „лажна лејди“.

Џеки во тоа време често му испраќала писма на својот пријател Розвел. Едно писмо стигнало во рацете на Аристотел. Прочитал дека за него мисли оти е одвратен, валкан старец... Тоа не му пречело, туку фактот дека Џеки можеби имала афера со Розвел. 

Тогаш почнала одмаздата!

Тој лично го дал точното време и локацијата на островот Скорпиос на кој Џеки ќе се шета гола. Кога се појавиле нејзините фотографии во јавноста, Џеки му се јавила на Аристотел и го молела да ги побара сите медиуми и адвокати да ја решат ситуацијата. 

Тој пошол кај адвокат, но не за да ја реши ситуацијата, туку за да се разведе. Од тој брак Џеки излегла со четири милиони долари, а нему му останале милијарди. 

Најчитани вести