Skip to main content
x

26 Oct 2020 - 18:45
sportmedia
Статија

Чудни работи се случуваат во оваа наша држава, поточно чуден народ сме ние. Тука не те ценат, не те почитуваат, но затоа во Европа си во високото “друштво“. Па така и со Емил Божиновски, првиот човек на Судиската организација во мак – фудбалот и Комесар за делегирање судии. Тука нашите фудбалски “фаци“ не го обожуваат премногу, токму затоа тој понуди и оставка, а замислете за утре, за мечот од 2.коло во Лигата на Шампионите во групата А, тој е делегиран за контролор на судењето на дуелот меѓу Атлетико Мадрид и Ред Бул Салцбург.

Поточно Емил Божиновски ќе ги контролира судиите на чело со Оводиу Хатеган од Романија.

Е, па, сега видете.

Јасно е дека судењето не е идеално, а и како може да биде, но исто така јасно е дека Емил Божиновски, веројатно најдобриот судија во историјата на фудбалска Македонија, не е единствениот виновник за тоа.

Како и во оние поголеми фудбалски земји.

sportmedia.mk

Најчитани вести