Ова девојченце е вистински хит на интернет, откако нејзините родители на Редит објавиле фотографија на која се гледа дека бебето има седа коса. Тие се пошегувале за нејзината боја, но некои сепак мислат дека се работи за стрес заради оваа 2020 година. 

Необичната боја на коса предизвикала многу реакции, а највпечатлив бил коментарот дека „2020 година е толку стресна што и бебињата се раѓаат седи“. На ова се надоврзала и една бабица, која рекла дека за време на работниот стаж имала можност да види бебиња со бела коса и дека отсекогаш ги нарекувала самовили затоа што косата им била толку магично сребрена. 

 

Најчитани вести