Skip to main content
x

26 Oct 2020 - 17:45
sportmedia
Статија

Дуелот во Париз ќе биде доста интересен. Македонскиот тим е гостин на творецот на првата златна генерација на Вардар, Раул Гозналез. „Црвено-црните“ веќе го немаат истиот состав, шпанскиот стратег кој е под голем притисок добро познава само неколкумина од ракометарите, останатите ќе бидат поголема енигма за него.

Раул на оваа средба сигурно знае дека токму оние кои останаа во Вардар и го носеа дресот во неговата ера, добро ги знаат неговите финти. Па ќе видиме кој на крајот ќе биде во поголема добива.

„Се подготвуваме за ПСЖ, веќе знаеме како треба да играме против, каков е системот на Раул. Повеќето играчи кои имаат играно додека тој беше тренер добро го познаваат, како и оние ситни детали што тој како тренер ги очекува од играчите во Париз. Се надеваме дека ќе се вратиме во Скопје со бодовите“, изјави Патрик Валчак.

sportmedia.mk

Најчитани вести