Skip to main content
x

26 Oct 2020 - 17:35
sportmedia
Статија

Томислав Јагуриновски го победи Ковид-19. Македонскиот репрезентативец во редовите на Вардар 1961 е вториот ракометар кој беше позитивен на коронавирус. Но, овие денови се зад него, последниот тест е негативен и тој ќе се врати на тренинзите.

Сепак Јагуриновски нема да биде на списокот на патници за Париз, каде актуелниот европски првак во среда игра против ПСЖ. Поради долгата пауза ќе му биде потребно време за враќање во форма.

Вардар 1961 утре (11 часот) со чартер лет ќе отпатува за Париз.

sportmedia.mk

Најчитани вести