Skip to main content
x

26 Oct 2020 - 17:35
sportmedia
Статија

Вардар по три одиграни натпревари во Лигата на шампионите освои три бода, два против Фленсбург и еден против Порто. Избраниците на Стевче Алушовски се пред нов тест, иако ПСЖ е далеку од нивото, сепак е голем фаворит.

Но, атмосферата во таборот на македонскиот тим е одлична, Марко Вујин е среќен што тој и неговите момци покажаа дека можат да победуваат и против силни тимови, а во Париз ветуваат голема борба.

„Очекуваме да продолжиме да играме во ист ритам како на последните два натпревари. Покажавме дека изгледаме многу подобро и дека играме далеку подобар ракомет и тоа со вистински противници, и дека имаме шанси да ги победиме. Во оваа атмосфера заминуваме за Париз, се надеваме дека ќе се вратиме со позитивен исход, тие се под притсок загубија три од четири мечеви, сигурно тоа не го очекуваа, имаат повредени играчи. Очекувам голема борба, одиме на победа како на секој меч. Вардар мора да оди на секој меч на победа, ќе видиме дали тоа ќе биде доволно. Мислам дека сме подготвени, добро работевме, едвај го чекаме мечот“, изјави Вујин.

sportmedia.mk

Најчитани вести