Skip to main content
x

26 Oct 2020 - 17:35
sportmedia
Статија

Ракометарите на Вардар 1961 завршуваат со подготовките за дуелот против ПСЖ закажан за во среда во 18:45 часот. Составот на Раул Гонзалез има разочарувачки старт, по четири одиграни меча е зад Вардар на шестото место на табелата со три порази и само една победа.

Еден од најискусните ракометари во редовите на актуелниот европски првак, Иван Чупиќ фаворитската улога ја препушта на ПСЖ иако не блеска, но тој и неговите момци нема да одат со бело знаме, ќе се обидат да ја искористат секоја ситуација.

„ПСЖ има три порази, сигурно ни ја олесни ситуацијата знаеме која е нивната цел во групата, но и до крајот на сезоната, сакаат да играат на Ф4. Не играат добро како во француска лига, имаат голем притисок, немаат време за нови грешки, мора да победат два до четири меча за да се тргнат од дното на табелата.

Додека ние имаме за жал три бода, можевме да имавме повеќе. Но секој меч играме подобро и подобро, никој од нас не бара сензација во Париз. Го анализиравме добро ПСЖ, се подготвивме добро, не одиме со бело знаме. Знаеме дека индивудалниот квалитет е на нивната страна, но со добра одбрана, добро враќање на нивната транзиција и со добар голман позади можеме да им направиме притисок.

Ако даде Господ и имаме добар меч, ќе биде добро во последните 10. до 15. минути да издржиме и создадеме нервоза во редовите на ПСЖ, ако биде два гола плус или минус, ќе имаме шанса за добар резултат“, рече Чупиќ.

Вардар 1961 утре со чартер лет заминува за Париз.

 

sportmedia.mk

Најчитани вести