Пејачката Ели Брук кариерата ја изградила како членка на бендот "Fifth Harmony", а неодамна откри дека е невина на 28 години. Сега повторно изненади со новата изјава кога станува збор за нејзината интима.  Истакнала дека на патот да ја залува невиноста наидувала на бројни искушенија, но дека не потклекнала.

„Мислам дека патот е тежок, особено ако сте млада жена во забавната индустрија, опкружени сте со атрактивни луѓе. Го запирам искушението со убивање на расположението...Тоа е како кога гледате убава чанта во трговски центар. Сакате да ја купите, но сакате и да ги зачувате парте. Па одите по трговскиот и размислувате за чантата“, рекла таа и додала дека во некои моменти и помагала и молитвата: „Имало и моменти во кои го повикував Бог да ми даде сила да го пребродам тоа.“

Но пејачката признала и дека се плаши оти ќе умре како девица. 

„Те молам Боже немој да дозволиш да умрам како девица. Дај ми да го запознаам мојот сопруг пред тоа да се случи и дај ми неколку години со него“, открила една своја молитва и признала дека би сакала да се омажи до триесеттата година. 

Најчитани вести