Охридската полиција поднесе кривична пријава против 18-годишниот Н.В. од Скопје, поради сомнение за сторено кривично дело „загрозување со опасно орудие при тепачка или караница“.

Како што информираат од МВР, тој на 27 август годинава во авто-кампот Љубаништа, физички го нападнал А.Ј.(20) од Охрид, при што користел и остар предмет.

извор: Makfax

Најчитани вести