Започнаа да пристигнуваат податоците од обработените резултати во последните 24 часа од коронавирус. Во Центарот за јавно здравје информираат дека денеска во општина Прилеп има 23 нови случаи на коронавирус, а 15 лица оздравеле од заразната болест. Бројот на активни случаи изнесува 327, од кои 288 се наоѓаат на домашно, а 39 на болничко лекување.

Во домашна изолација и самоизолација се наоѓат 612 лица. Вкупниот број на заразени од Ковид-19 од почетокот на пандемијата изнесува 1114. Од почетокот на пандемијата до денеска, од коронавирусот починале 52 лица.

Најчитани вести