Корона криза негативно влијаеше на авиокомпаниите ширум светот, па не е исклучок и финскиот „Финер“, кој сега најде нов начин за заработка на пари.

Компанијата започна со продажба на оброци од бизнис класа - во супермаркет.

На овој начин, тие можат да ги зголемат профитите до одреден степен, додека летовите се преполовени или суспендирани, а патниците ја сакаат атмосферата од авионот. Иако многу компании првично започнаа да „летаат бесцелно“, што сè уште е тренд во разни земји, тие сфатија дека толку непотребно ја загадуваат животната средина.

Продажбата на храна од авион во маркетите изгледаше како подобра опција. Поточно, „Финер“ ја донесе таа одлука со цел да спречи отпуштања во својата угостителска единица поради „ковид-19“. Оброците станаа хит за момент, па за само неколку дена беа продадени 1.600 порции.

Како што рече готвачот, Марика Ниминен, во „Финер“ има вишок, а веќе имало отпуштања, па тие бараат иновативни начини за заработка.

Минатата недела беше соопштено дека финската национална авиокомпанија ќе укине дури 700 работни места до март следната година.

Најчитани вести