Жителите на Баварија, поради големиот број заразени лица во таа област, од утре можат да ги напуштат своите домови само од оправдани причини, а училиштата и градинките ќе бидат затворени две недели, соопштија официјалните лица.

Строг карантин за жителите на областа Ротал-Ин, каде што живеат 120.000 луѓе, е втор карантин во Баварија, по Берхтесгаденер во кој е прогласен полициски час од 20 октомври.

Официјални лица од Ротал-Ин рекоа дека решиле да ја воведат одлуката за полицискиот час поради ненадејниот скок на бројот на заразени лица, што е поголем од 200 на 100.000 жители.

Денес во Германија се регистрирани скоро 2.000 нови случаи и шест смртни случаи. Вкупно се заразени 439.577 лица, а починаа 10.144 лица.

Сепак, епидемиолошката состојба во Германија е помалку сериозна отколку во некои други големи европски земји, како што се, на пример, Велика Британија, Франција и Шпанија.

извор: Makfax

Најчитани вести