Тие можат да си дозволат се што сакаат, од најскапи третмани до луксузните патувања и облека, чија цена ќе ви донесе вртоглавица. Сепак, многумина се изненадени кога ќе видат кои се всушност најбогатите жени во светот.

1. Франсоаз Бетанкур Мејерс - 55,7 милијарди евра

Франсоаз Бетанкур-Мејерс, е долгогодишен лидер на листата на најбогати жени, според индексот на Блумберг. Нејзиното семејно богатство започна да се богати на почетокот на 20 век откако еден млад хемичар, Јуџин Шулер, разви формула за боја на коса, наречена Ореал.

Останатото е историја. Групата L’Oréal денес е конгломерат за козметика со големо портфолио на познати брендови како Гарние, Кил, Ив Сен Лоран и Ланком, а мнозински сопственик е внуката на Шулер, Франсоаз Бетанкур Маерс.

По ужасниот пожар во кој беше уништена париската катедрала Нотр Дам, токму таа донираше над 170 милиони евра за нејзино обновување.

2. Алис Волтон - 52 милијарди евра

Во 1992 година, Алис ги наследи акциите на Волмарт од нејзиниот татко Сем Волтон, кој го основаше популарниот ланец супермаркети 30 години претходно. Така се приближи до самиот врв на листата на најбогати жени во светот. Живее во Тексас опкружена со своите коњи и вредна уметничка колекција.

На јавноста не и е познато дали е голем филантроп или не затоа што не е познато за нејзините поголеми хуманитарни донации.

3. Мекензи Безос - 50 милијарди евра

Мекензи целиот свет ја запозна како сопруга на Џеф Безос, најбогатиот човек на светот.

Таа се збогати по најскапата тужба за развод во историјата на човештвото, а тоа е затоа што Џеф ја изневери по 25 години брак.

Мекензи во разводот „заработи“ акции на Амазон во вредност од 38,3 милијарди.

Поради короа кризата, вредноста на акциите значително се зголеми, нејзиното богатство сега се проценува на околу 51 милијарда евра.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

Hey @jeffbezos #jeffbezos #amazon

A post shared by MacKenzie Scott (@mack.enziescottofficial) on

4. Џулија Кох - 40 милијарди евра

Џулија дури неодамна се најде на листата на најбогати жени во светот, откако наследи милијарди од нејзиниот покоен сопруг, славниот индустријалец Дејвид Кох.

Се верува дека Кох и оставил над 49 милијарди евра минатата година, според Блумберг и Форбс.

Портпаролот на Кох претходно изјави дека акциите на компанијата Кох останале во семејството и по неговата смрт, но одби да даде повеќе детали.

5. Жаклин Марс - 35 милијарди евра

Таа има 79 години и е сопственик на третина од Марс, најголемата кондиторска компанија во светот, основана во 1911 година од нејзиниот дедо Френк.

Работеше за семејниот бизнис скоро 20 години и остана на одборот до 2016 година.

Денес велат дека таа е филантроп и член на управниот одбор на Националната опера на Вашингтон и на Националниот архив.

Најчитани вести