Медисон Фолкер од Белфаст минатата година падна на само 40 килограми, по една година строга диета за која самата си направила мени. Но, на тоа немало скоро ништо - само една бонбона и половина бисквит на ден. Таа тврди дека не знаела ништо за нарушувања во исхраната, само сакала да ослабе откако пријателите и рекле дека е едноставно дебела.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

When i went out😆

A post shared by Madason Faulkner (@madasonfaulkner) on

- Неколку луѓе коментира дека сум дебела и дека навистина треба да ослабам. Верував затоа што мислев дека се мои пријатели, рече Медисон.

Нејзината мајка Кимберли Нил изјави дека прво ја забележала Медисон како го враќа дома ручекот што го носела на училиште, а за време на вечерата се криела во својата соба, а храната ја фрлала во ѓубре.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

Christening sundays❤️

A post shared by Madason Faulkner (@madasonfaulkner) on

Кога Медисон започнала да има вртоглавица на училиште, тоа ја натерало нејзината мајка да ја однесе на лекар. Тој не забележал нарушување во исхраната, но ја испратил на скен на мозокот.

Како и да е, девојчето не преземала ништо додека не се онесвестило на училиште затоа што почнаале да и откажуваат црниот дроб и бубрезите. Медисон тогаш била ставена на строга исхрана. Таа морала да јаде на секои два часа и да лежи во кревет за да ја врати својата тежина.

Сепак, мајката тврди дека домашното лекување не помогнало затоа што Медисон се чувствувала беспомошна, па дури и се обидела да се убие трипати. Конечно, во одреден момент, таа одлучила да се пријави на клиниката за нарушувања во исхраната, откако била целосно без храна цели две недели.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

Wedding Saturdays🙈

A post shared by Madason Faulkner (@madasonfaulkner) on

Сега кога Медисон е на колеџ, ја вратила својата тежина и вели дека чувствува страв од нарушувања во исхраната. Собрала пари што ги донирала на клиниката каде што се лекувала и кои и помогнале да остане жива. Таа сака да стане медицинска сестра за ментални болести.

Најчитани вести