Претседателот на Венецуела, Николас Мадуро, рече дека неговата земја дизајнирала „високо ефективен антивирусен лек“ што го десеткува коронавирусот без никакви несакани ефекти. Лекот ќе биде претставен на СЗО за сертифицирање, пренесува РТ.

„Сакам да кажам дека Венецуела разви лек кој 100 отсто го уништува коронавирусот. Лекот е дизајниран од Венецуелскиот институт за научни истражувања (ИВИ), кој работи на лек за вирусот во последните шест месеци. Лекот се базира на молекула наречена ТР-10 која беше изолирана и, кога беше спротивставена на вирусот, ја докажа својата апсолутна ефикасност“, рече Мадуро.

Мадуро рече дека студијата е веќе разгледана од експерти и научници и ќе и биде презентирана пред Светската здравствена организација за таа да може да ги потврди овие наоди.

Додека тој го промовираше потенцијалниот чекор напред во терапијата со Ковид-19, Мадуро рече дека Венецуела со нетрпение очекува да му ја понуди оваа терапија на светот, честитајќи му на ИВИЦ за овој голем придонес за човештвото.

„Масовното производство на лекот ќе се олесни преку меѓународни сојузи“, рече тој, без да даде повеќе детали.

Новоразвиениот лек е потполно безбеден, тврди институтот, посочувајќи дека не влијае на здравите молекули во телото и не резултира со несакани ефекти.

Студиите биле спроведени на вирусни клетки изолирани од пациенти со коронавирус во Венецуела, рече Габриела Хименез, министер за наука и технологија.

„Молекулата е дериват на урсолната киселина, која покажа 100 отстотна инхибиција на репликацијата на вирусот ин витро [надвор од жив организам]“, рече таа, цитирана од новинската агенција ЕФЕ.

На почетокот на овој месец, Венецуела стана првата латиноамериканска држава што ја доби руската вакцина „спутник V“ против Ковид-19. Околу 2.000 лица се очекува да бидат имунизирани во Венецуела како дел од истражувањето во фаза III. Вакцината е регистрирана во Русија во август, што ја прави прва регистрирана вакцина во светот против Ковид-19.

извор: Makfax

Најчитани вести