Кандидатот за американски претседател, Џозеф Бајден вчера присуствуваше на настан за собирање пари за спроведување на кампањата. Тоа било настан со концерт, кој се одвивал онлајн.

Бајден одговарал на прашања на модераторите, Џорџ Лопез и аналитичарката на Си-ен-ен, Ана Наваро, кога рекол дека ако не победи тој, САД ги чека уште четири години со Џорџ.

„ Ќе гласаме според мое мислење, буквално за карактерот на земјата. Каква држава ќе бидеме? Уште четири години Џорџ … Ова … …Џорџ, ќе се најдеме во позиција дека, ако биде избран Трамп, ќе бидеме во поинаков свет”, рече тој.

Тој исто така изборите ги нарече избори со најголеми последици по долго, долго време. Неговата сопруга Џил цело време седеше покрај него.

Џорџ В. Буш беше претседател на САД до 2008 година. Потоа, се кандидираше Барак Обама, чиј потпретседател беше Џозеф Бајден. Буш тогаш не се кандидираше затоа што веќе отслужи два мандати.

извор: Makfax

Најчитани вести