Училиштата во Бугарија ќе преминат на онлајн настава поради зголемувањето на бројот на заболени од коронавирус, соопшти бугарското Министерство за образование.

Се препорачува прво средните училишта да започнат со таква настава, а основните училишта да бидат префрлени на неа само доколку е потребно, пренесува „Ројтерс“.

Во Бугарија е задолжително да се носат маски и на отворено и на затворено, како и да се држи растојание, а ноќните клубови се затворени две недели.

извор: Makfax

Најчитани вести