Пејачот Аца Лукас пред повеќе од десет години непознато момче му пукал во ногата од огнено оружје пред зграда на Нов Београд.

Тој неодамна во емисијата “Сценирање“ на ТВ Курир открил што се случило тогаш.

“На тоа гледам како лоша работа. Најважна вест беше зошто сум упукан. Тоа беше ударна вест. Необично беше што сум јас ранет. Сешто се зборуваше. Да беше нешто сериозно, ќе бев убиен, а не ранет. Полицијата не го најде сторителот, се случи јас да не реагирам како што се реагира.

Затекнав човек кој ми го краде автомобилот. Тргнав кон колата. Го прашав што прави и извади пиштол. Тогаш настана реакција која не е вобичаена. Тргнав да му го земам пиштолот, испука случајно. Почна да бега а јас почнав да го бркам“ раскажал Лукас и додал:

“Можеше да направи инвалид од мене или да ме погоди во артерија. Ме болеше, но кога куршумот ме погоди, не го почуствував“, рекол Лукас.

Најчитани вести