ЗА РЕЦЕПТОТ

Порции: 2 порции

Време на подготовка: 10 минути

Време за печење: 1 час и 15 минути

СОСТОЈКИ

  • ~500 g./1 ципура
  • 2 компири 
  • 1 морков
  • неколку печурки 
  • 1 лимон, исечен на кругови
  • 1/2 шоља бело вино
  • зеленчуков бујон или вода

за полнењето:

  • 2 кисели краставици
  • 1 мал морков
  • грст магдонос

за зачинување:

  • неколку лажички сол, по можност крупна
  • неколку лажички мелен црн бибер, свежо мелен е подобар
  • неколку лажички сув босилек или оригано
  • неколку лажици растително масло
  • неколку чешниња лук

НАСОКИ ЗА ПОДГОТОВКА

  • За подготовка на овој рецепт почнете со спремање на полнењето – исецкајте ги на ситни парчиња краставичките, морковот и магдоносот.
  • Излупете и исечете на парчиња компирите
  • Исечете го морковот  па парчиња со иста големина како компирите, за да можат во исто време да се испечат.
  • Подгответе ја рибата со зачинување и однадвор и одвнатре, потоа направете неколку засеци во кожата и од едната и од другата страна на рибата и пикнете парчиња лук во нив.
  • Исполнете ја внатрешноста на рибата со полнењето, не грижете се дали ќе се истури од рибата во текот на печењето – нема.
  • Намрсете тава за печење, наредете ги компирите и морковите во неа, врз нив ставате ја рибата за дното на рибата да не се лепи на дното на тавата и добро да се испече. Додадете ги печурките во тавата.
  •  Испрскајте се со масло и зачини. Наредете ги круговите лимон врз рибата и сипете го виното во тавата. Покријте со алуминиумска фолија и печете на 200С во загреана рерна околу 30 минути, потоа отстранете ја фолијата и печете уште 45 минути. Уживајте.

За повеќе детали како да го подготвите рецептот, погледнете го видеото подолу.

Најчитани вести