Интердисциплинарниот проект кој подразбира фузија на поезија, филм и музика ќе се реализира в понеделник во 20 часот во Europe House Skopje, а публиката ќе може да го следи само на стрим.

Со музика од Бранислав Николов и Гоце Јованоски, поезија од Дејан Трајкоски и сцени од филмови на Вим Вендерс и Роберто Бењини, в понеделник (26 октомври) во 20 часот во Europe House Skopje ќе се одржи проектот „Реобмислување на европски режисери: филм, музика и поезија“.

Интердисциплинарниот проект во развој подразбира фузија на поезија, филм и музика.

Се работи за три песни инспирирани од сцени од филмовите „Париз, Тексас“ и „Хотел од милион долари“ од Вим Вендерс, „Тигарот и снегот“ од Роберто Бењини. Поезијата од Трајкоски ќе ja изведува Бранислав Николов, со музика создадена од Николов и Јованоски, која е инспирирана од оригиналните филмски композиции, а сето тоа е вклопено со филмските сцени. Видео и аудиомонтажата е на Гоце Јованоски.

Идејата на проектот е реобмислување на едно уметничко дело и создавање ново, во сосема поинаква форма од оригиналното.

Настанот ќе може да се проследи само во живо преку стрим на следниот линк: https://bit.ly/31qhNH2

Проектот се реализира со финансиска поддршка на Делегацијата на ЕУ во Скопје.

извор: Makfax

Најчитани вести